ВОДИЧ ЗА ПОЧЕТНИЦИ - ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЊЕ

Како да започнете?

Оnlajn oblozuvanje водичНајпрво потребно е да изберете онлајн обложувалница. Отворањето на сметка во интернет обложувалниците е целосно бесплатно и во процесот на регистрација немате никакви обврски кон обложувалницата, а единствениот критериум што мора да го исполните е да бидете полнолетни. Наша препорака е да разгледате неколку ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЛНИЦИ и да изберете која ви се допаѓа најмногу. При регистрацијата, важно е да ги внесете точните информации за да немате проблеми со исплатата. Исто така, ве советуваме да ги прочитате правилата на обложувалницата каде што отворате сметка.

Регистрација

Процесот на регистрација е многу едноставен, ги внесувате Вашите основни информации, како што се име, презиме, адреса, е-пошта, број на мобилен телефон (ако сакате резултатите да пристигнат на Вашиот мобилен телефон кога ќе побарате), а исто така ќе треба да изберете валута во која сакате да ставите облози (вообичаено во евра). Исто така, ќе треба да изберете корисничко име и лозинка што ќе ви овозможи пристап до сметката за обложување и ќе служи за идентификација. Откако ќе се регистрирате, ќе добиете е-пошта/ e-mail со Вашите податоци и линк на кој што мора да кликнете за да потврдите дека внесените податоци се точни и дека сте сопственик на наведената е-пошта. Откако ќе кликнете на линкот, процесот на регистрација е успешно завршен и можете да се најавите на Вашата сметка за прв пат со внесување на Вашето корисничко име и лозинка на страницата за обложување. Изберете онлајн обложувалница што ве интересира, скоро секоја од наведените обложувалници дава бонус при регистрација и има свои предности.

Обложување

Процесот на обложување преку Интернет е многу едноставен. Во зависност од обложувалницата, изберете тип на спорт или лига за која сте заинтересирани, а потоа изберете ги облозите за кои сакате да се обложите. Потоа ставете го Вашиот влог и потврдете го облогот. Сите облози или тикети можете да ги видите во архивата на Вашата сметка за обложување, доколку го погодите тикетот, парите автоматски се додаваат на Вашата сметка за обложување во рок од неколку минути по завршувањето на натпреварот.